Активности

Среда, 21 септември 2016 година

Седумдесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 75. седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Фатон Положани.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот. Комисијата го проследи истиот на натамошна постапка во Собранието. 

Click