Активности

Вторник, 13 септември 2016 година

Средба на потпретседателката Дескоска со евроамбасадорот Жбогар

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Рената Дескоска се сретна денеска со г. Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Република Македонија. 

Евроамбасадорот Жбогар се интересираше за работата на парламентот и за подготовките на претстојните предвремени парламентарни избори, при што беше нагласено значењето на слободни и фер избори.

Потпретседателката Дескоска укажа на потребата за мониторинг на меѓународната заедница за спроведување на претстојните избори.

Исто така, беше истакнато дека ЕУ е наш стратешки партнер и дека наша цел е исполнување на европските критериуми и полноправно членство во Европската унија.

Click