ЕУ вести

Понеделник, 1 јули 2019 година

Финска – нов претседавач со Советот на ЕУ

Од денеска Финска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија, под мотото: „Одржлива Европа - одржлива иднина".

Програмата на Финското претседателство се фокусира на четири главни приоритети:

  • зајакнување на заедничките вредности и владеење на правото
  • поконкурентна ЕУ и социјално инклузивна
  • зајакнување на позицијата на ЕУ како глобален лидер во климатските активности 
  • сеопфатна безбедност на граѓаните

Финска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Романија, а на почетокот од новата година ќе ѝ го предаде на Хрватска.