ЕУ вести

Понеделник, 6 јануари 2020

Хрватска – нов претседавач со Советот на ЕУ

Од почетокот на 2020 година, Хрватска го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија.

Под мотото „Силна Европа во светот на предизвиците“, Хрватска одвои четири приоритети за време на претседателството, и тоа: Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна.

Земјата која последна влезе во ЕУ во 2013 година, неколкупати го повтори ставот дека отворањето на преговорите со нашата земја и со Албанија е нешто што треба да се случи за време на нејзиното претседателство. Во тој контекст, најважен настан ќе биде неформалниот состанок на лидерите од земјите на Западен Балкан и европските челници на 7 мај во Загреб, кога и ќе се знае дали ние ќе добиеме датум за почеток на преговори.

Шестмесечното ротационо претседателство, кое Хрватска го презеде од Финска, во јули ќе ѝ го предаде на Германија. 

Click