ЕУ вести

Среда, 24 јули 2019 година

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во тесна конкуренција за европската награда „Лукс“

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска останува во игра за филмската награда „Лукс“ на Европскиот парламент, откако беа избрани трите финалисти.

Во тесна конкуренција на овој македонски филм, се уште документарецот „Студен случај, Хамарсџалд“ од Мадс Бругер (копродукција на Данска/Норвешка/Шведска/Белгија/Велика Британија/Германија) и „Кралството“ на Родриго Сорогојен (копродукција на Шпанија/Франција).

Овие три филмови ќе бидат титлувани на сите 24 официјални јазици на ЕУ и наесен ќе бидат прикажани во повеќе од 50 градови и многу филмски фестивали низ цела Европа, за време на LUX филмските денови.

Победничкиот филм ќе го изберат европратениците, а наградата ќе биде доделена на 27 ноември за време на пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур.

Инаку, во поширока конкуренција за оваа награда беше уште еден македонски филм - „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Click