Собраниско раководство

Вторник, 24 април 2018 година

Претседателот Џафери се сретна со својот грчки колега, г. Николаос Вуцис, претседател на Парламентот на Грција 

Во рамките на Конференцијата на Претседатели на Парламенти на Европската Унија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери се сретна и со својот грчки колега, г. Николаос Вуцис, претседател на Парламентот на Грција.

Во една неформална и пријателска атмосфера, двајцата претседатели разменија мислења околу отпочнувањето на парламентарна соработка меѓу двата парламента, како на ниво на претседатели, така и на ниво на парламентарни групи за соработка.   

Click