Собраниско раководство

Вторник, 29 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше работна средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

Претседателот Џафери го информираше соговорникот за активностите во законодавниот дом, по успешно завршените обврски од Договорот од Преспа, на што заемно констатираа и двајцата соговорници дека позитивните вести од Република Грција придонесуваат за општоприфатената констатација од страна на сите наши пријатели од меѓународната сцена дека земјава неспорно се движи во вистинскиот правец и всушност ги изодува последните чекори од добивање на статус на полноправна членка во НАТО и исполнување на условите потребни за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Германија била и ќе остане пријател и силен поддржувач на Република Македонија во исполнување на потребните реформи за воспоставување на вистински европски вредности и стандарди на живот за нашите граѓани. Оваа средба е уште една од низата предвидени средби на претседателот на законодавниот дом со амбасадорите на земјите членки на НАТО. 

Click