Собраниско раководство

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Холандија, Н.Е. Воутер Пломп

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари работна средба со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е Воутер Пломп кој што му упати честитки на претседателот Џафери за успешното усвојување на измените во Уставот на Република Македонија, како клучен фактор за понатамошниот процес на интегрирање на нашата држава кон НАТО заедницата. Секако дека гласањето и позитивниот исход од страна на Република Грција придонесува во исполнувањето на нашите стратешки цели од прогласувањето на независноста на нашата држава.

Претседателот Џафери го информираше накратко соговорникот за последните активности во Собранието на Република Македонија, во однос на исполнувањето на обврските кои се однесуваат на пакетот реформи кои треба да се донесат.

Амбасадорот ја истакна силната поддршка што Холандија ја дава и ќе продолжи и понатака да ја дава на Република Македонија на патот на нејзиното полноправно членство во НАТО и ЕУ. Оваа средба е во рамките на предвидените средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО. 

Click