Собраниско раководство

Петок, 15 март 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Емилио Лорензо Сера 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е Емилио Лорензо Сера. Амбасадорот му честита на претседателот Џафери за успешноста на освоените уставни измени кои го отворија патот на Република Северна Македонија да може да продолжи со процесот на интегрирање во НАТО.

Претседателот Џафери во текот на разговорот го информираше соговорникот и за тековните активности на законодавниот дом и го увери дека Собранието ќе продолжи до крај да ги исполнува обврските кои извираат од Договорот со Грција.

Н.Е Лорензо истакна дека Кралството Шпанија има цврсти ставови за поддршка на Република Северна Македонија во нејзините стратешки цели да стане полноправна членка на Европската Унија и на НАТО заедницата.

Средбата се одржа во рамките на предвидените средби со амбасадорите на земјите кои веќе се членки на НАТО.

Click