Собраниско раководство

Среда, 27 март 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари работна средба со амбасадорот на Словачката Република во Република Северна Македонија, Н.Е Хенрик Маркуш, кој најпрвин му упати честитки на претседателот Џафери за успешното усвојување на измените на Уставот, како клучен фактор за понатамошниот процес на интегрирање на државата во НАТО заедницата. 

Тема на разговор беа и останатите активности на Собранието кои произлегуваат како обврски од Преспанскиот договор. На ова се надоврза претседателот Џафери и потврди дека интензивно работи на исполнување на стратешките цели на Република Северна Македонија. Тој потенцираше дека за успешната работа придонес дале сите политички субјекти, а за особено важна ја потенцираше поддршката од меѓународните пријатели.

Амбасадорот Маркуш ја потенцираше силната поддршка од страна на Словачката Република во аспирацијата на Република Северна Македонија кон полноправно члество во НАТО алијансата и Европската Унија.

Оваа средба беше уште една од низата на протоколарните средби со амбасадорите од земјите членки на НАТО.

Click