Собраниско раководство

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Бејли и новата директорка на канцеларијата на УСАИД во Скопје, г-ѓа Гречен Биркл

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова денеска остварија средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли, на која присуствуваше и новата директорка на канцеларијата на УСАИД за Македонија, г-ѓа Гречен Биркл.

На средбата се дискутираше за досегашната соработка помеѓу Собранието на Република Македонија и Американската организација за меѓународен развој (УСАИД), како што се проектите реализирани преку Националниот демократски институт (НДИ), кои ја поддржуваат работата на Собранието на Република Македонија преку програми кои се финансирани од оваа организација. 

Претседателот Џафери изрази задоволство и благодарност за досегашната соработка и поддршка и нагласи дека Собранието е отворено за понатамошна соработка со нашите стратешки партнери.
Генералниот секретар се согласи со кажаното од претседателот и искажа готовност за понатамошна соработка.

Соговорниците се согласија дека има резултати од досегашната соработка и заклучија дека постои взаемен интерес, волја и простор оваа соработка да се продолжи и унапредува и во иднина..

Click