Собраниско раководство

Вторник, 30 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Луиза Винтон, резидентен координатор на ОН и резидентен претставник на УНДП во Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со г-ѓа Луиза Винтон, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН) и резидентен претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Македонија. 

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од досегашната соработка и се заблагодари за ангажманот во текот на нејзиниот мандат. 

Луиза Винтон се заблагодари на можноста за средба и изрази уверување дека, ќе продолжи и понатаму поддршката од страна на Обединетите нации, особено од УНДП, кои стојат на располагање со своето долгогодишно искуство за поддршка на отвореност на Парламентот кон граѓаните.

Соговорниците исто така разговараа и за улогата на Собранието во спроведувањето на проектите кои ќе останат како убав спомен од заемната соработка. Госпоѓа Винтон изрази задоволство од имплементацијата на договорот со Република Грција со цел Република Македонија да стане што побрзо полноправна членка на НАТО И ЕУ, а тоа ќе значи не само сигурност за земјата, туку и трансформација на државата.

На крајот од средбата, претседателот Џафери ѝ посака на г-ѓа Луиза Винтон понатамошен успех во кариерата и во сите нејзини идни ангажмани.

Click