Собраниско раководство

Четврток, 24 мај 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ, СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА, Г-ЃА АНА БРНАБИЌ

Во рамките на официјалната посета на Република Србија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Џафери, се сретна и со претседателката на Владата на Република Србија, г-ѓа Ана Брнабиќ.

На средбата, заедничка констатација беше дека развојот на билатералните односи, регионалната и мултилатералната соработка се на навистина задоволително ниво и дека има интензивирање на меѓусебните посети на различни нивоа. Тоа особено има добиено на динамика по тешкиот период кој што и двете земји го оставија зад себе, период во кој што имаше застој во развојот на регионалната соработка и подобрувањето на односите со соседите од опкружувањето и пошироко, но, се чини дека по нивното надминување, се удвојуваат напорите за поправање на таа слика за регионот.

Претседателот Џафери рече дека Берлинскиот процес е навистина добра основа за инфрастуктурно поврзување, запознавајќи ја притоа премиерката Брнабиќ за активностите и проектите кои се во тек или се веќе завршени во  нашата земја  во контекст на коридорите 8 и 10. По минатогодишното потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија, веќе можат да се видат резултатите кои покажуваат три пати поголема  економската размена.

Во продолжение, претседателот на Собранието изрази очекување и надеж дека ќе ги започнеме преговорите за влез во ЕУ и ќе добиеме покана за влез во НАТО, а додека трае процесот на ратификација на договорот во земјите членки, ќе се најде и соодветно прифатливо решение за спорот со Република Грција. Тој истакна дека враќањето на опозицијата во работата на Собранието и усогласувањето во однос на потребниот реформскиот пакет на закони е добра вест а потврда за тоа е и започнувањето на дијалогот со опозицијата во рамките на Дијалогот Жан Моне што се одржа во  Охрид и на чија агенда беше етичкиот кодекс и Деловникот а стана збор и за можните идни теми на дијалогот, при што финансиската, административна и безбедносна самостојност на Собранието се ставија на прв план, затоа што тоа би придонело да се избегнат стапиците на условување и потчинетост на законодавната власт во однос на другите власти. 

Претседателот Џафери ги подржа позитивните ставови во однос на развојот на соработката и заедничкото дејствување во процесот на евроинтеграцијата и можностите за заедничкиот настап на трети пазари, како и поддршката на дијалогот меѓу Република Србија и Република Косово.

Тој го поздрави формирањето на заедничкиот  Македонско - Српскиот совет на стопанските комори на двете држави и рече дека секоја можност која придонесува кон развојот на соработката на билатерално и регионално ниво, ќе биде поддржана.

Претседателот Џафери ја истакна потребата од отварањето на граничниот премин Миратовци - Лојане за да се олесни комуникацијата за секојдневните потреби на тамошното локално население, бидејќи ние сме должни да работиме за доброто на нашите граѓани.

Click