Собраниско раководство

Вторник, 19 март 2019 година

УЧЕСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ЈАДРАНСКО-ЈОНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери учествува на 16-та конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско-Jонската иницијатива во Будва, Црна Гора.  

Во оваа регионална иницијатива, формирана во 2000 година членуваат: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Грција, Република Италија, Црна Гора, Република Србија и Република Словенија. Република Северна Македонија стана член во мај 2018 година.

Со конференцијата претседаваше претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ, во својство на домаќин и актуелен претседавач со парламeнтарната димензија на Иницијативата на претседателите на парламентите на земјите членки.

На почетокот на состанокот беше поздравено членството на Република Северна Македонија како нова членка во Јадранско-јонската иницијатива и беа упатени честитки за постигнување на Договорот со Република Грција за надминување на билатералниот спор. Според дневниот ред на конференцијата, учесниците дебатира во две сесии и тоа за туризмот и културата како заедничка насока, предност и стратешко определување на државите на Јадранско-јонската иницијатива и за парламентарните тела како значаен ресурс за зајакнување на соработката во приоритетните области на државите членки на Иницијативата. Претседателот Џафери се обрати на втората сесија.

Во рамките на конференцијата, Претседателот Џафери оствари неколку билатерални средби со своите колеги од регионот. На средбата со домаќинот, претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ, беше изразена надеж дека соработката во регионалната иницијатива ќе биде успешна и дека ќе се идентификуваат проекти од регионален карактер кои треба да ја поддржат интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија. 

На средбата со потпретседателката на Италијанскиот Сенат г-ѓа Паола Таверна и со потпретседателот на Италијанскиот Претставничкиот дом г. Еторе Росато беше изразено уверување дека Италија ќе продолжи да ги подржува земјите од Западниот Балкан на нивниот пат кон полноправно членство во Европската унија, како и очекувањето дека Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО ќе биде ратификуван во двата дома во Република Италија кон крајот на март и почетокот на април, имајќи предвид дека веќе е започната дебатата по ова прашање.

На крајот на конференцијата беше усвоена Заедничка изјава.

Click