Петок, 22 ноември 2019
Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“
Почитуван претседател на Влада на Република Северна Македонија, г. Заев,
Почитуван министер за Политички систем на Република Северна Македонија, г. Дураку,
Почитувани претседател на Демократската унија за интеграција, г. Ахмети,
Почитувани екселенции,
Претставници на домашните институции,
Дами и господа,
Почестен сум што оваа вечер, со оваа Свечена Академија со која всушност се заокружуваат неколкудневните активности на Културно-научната манифестација „Деновите на Азбуката“, имам задоволство да ве поздравам во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и од име на колегите пратеници и да ја искористам приликата да го честитам најзначајниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, денот кога славиме 111 годишнина од Битолскиот Конгрес, собирот на кој што се донесоа суштинските одлуки и кои ги претставуваат столбовите кои помогнаа за културната и политичката иднина на албанскиот народ, односно, се унифицираше албанската азбука што ги издигна за едно скалило повисоко албанската култура и образование, и на кој што конгрес се направи и понатамошната консолидација во насока на развојот и напредокот на Албанците, одбирајќи ја јасно ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да се чини скромен за старите светски цивилизации, сепак, тоа е придонес и во целокупниот развој на човештвото.
Секако дека овој интелектуален подем на Албанците се заснова врз темелите што ги поставија албанските интелектуалци и преродбениците од Здружението „Башкими“ собрани од сите страни на светот во Битола на Кирјази, чија што волја и визија и посветеност резултираше со најскапоцениот производ за животот и светлата иднина на еден народ, односно со унифицирана азбука која стана средство за писмена комуникација меѓу сите Албанци, но и стандардизиран јазик кој што е преведен и продолжува да се преведува на сите светски јазици. Со ова, продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина. Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи.“ И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој. И во оваа прилика, сакам да изразам искрена благодарност кон сите сограѓани и претставници на домашните институции кои со своето присуство тука, меѓутоа и со сето свое институционално делување, покажуваат јасно дека само граѓанските општества со граѓани кои уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот.
Почитувани пријатели,
Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување. За поздравување е обемот и разновидноста на активностите што ги развива овој институт, се разбира секогаш во соработка со локалните институти, организации и академски институции од земјата и од странство, но над сè, научната и академската работа што трудољубиво се спроведува. Во иста линија е и основањето, консолидирањето и се надеваме набрзо и првите резултати од Агенцијата за примена на јазикот што се основаше пред една година. Почитувани, дозволете да го делам со вас чувството на гордост што го чувствувам во однос на востановувањето на Државната награда „22 Ноември“ за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и социјалниот живот во Република Северна Македонија, кои придонеле во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и взаемното разбирање помеѓу припадниците на различните заедници, култури и религии во земјата и што оваа година, оваа награда оди во рацете на почитуваниот научник, историчар и хуманист Давид Хосафлок и на просветните ветерани, Кимете и Аднан Агаи.
Дами и господа,
Минатата година, кога прославувавме 110 години на Денот на Азбуката, кога говорев за новата реалност, мислев на новиот политички контекст во кој што се наоѓавме како регион тогаш и сега, кога правам споредба со актуелниот контекст, можам да кажам дека Република Северна Македонија е речиси внатре во НАТО, таму каде што Република Албанија сега веќе одбележува полни десет години членство и набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка, додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, поврорно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади, за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите. Затоа што, како што реков и тогаш, времињата се менуваат, дискурсот се менува меѓутоа, битно е една работа да биде иста и заедничка, а тоа е целта каде сакаме да стигнеме, и тоа да стигнеме заедно, како народ, како држави, како регион.
Честит 22 Ноември!
Благодарам на вниманието!