
Четврток, 2 август 2018 година
Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката
2 Август или Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани кои се бореле и го положиле најдрагоценото, својата младост, своите животи за да ја создадат нашата заедничка држава, Република Македонија. Без разлика дали станува збор за Илинден 1903-та, односно Крушевската Република, или пак за Илинден 1944-та, односно заседанието на АСНОМ, кога се поставени темелите на државотворноста, сите тие генерации имале една единствена цел, слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика.