Соопштенија

Четврток, 30 јануари 2020

Јавна расправа на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт, на 45. седница, на 31 јануари 2020 година (петок), од 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа се поканети претставници на Министерството за образование и наука, Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, Одборот за акредитација на високообразовните установи, Агенцијата за квалитет во високото образование, Државниот завод за ревизија, Државниот просветен инспекторат и други субјекти од образовната сфера.   

Јавната расправа е во функција на прибирање искуства и предлози за квалитетно нормирање на дејноста на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, пред второто читање на Предлог-законот.

Click