Соопштенија

Вторник, 5 ноември 2019 година

Јавна расправа за Предлог-законските измени за воведување на заедничко родителство по развод

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи Јавна расправа на 6.11.2019 година (среда), со почеток во 11:30 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието, на тема: „Предлог-законски измени за воведување на заедничко родителство по развод". 

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија; Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика на Република Северна Македонија; Народниот правобранител; Заводот за ментално здравје; Институтот Алтернатива, Националниот совет за родова еднаквост; Адвокатски друштва; Судови (семеен оддел); Советот на Европа; НДИ; Центри за социјална работа; Заводот за социјални дејности; како и сите други институции кои се засегнати од оваа област.

Click