Соопштенија

Четврток, 14 ноември 2019 година

Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 14 до 15 ноември 2019 година во Делемон, Швајцарија, ќе се одржи Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г. Џеват Адеми, претседател и г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

На учесниците на оваа Конференција ќе им се обрати г.Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата, г.  Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ),  г. Пјер Андре Конт, претседател на Секцијата на Јура во ПСФ, г. Давид Ере, министер и претставник на Владата на Јура, г. Габриел Вуарол, претседател на Парламентот на Јура и други личности и експерти. 

Работниот дел на сесисјата ќе се организира во две панелни дискусии. Во првиот панел ќе се дебатира за Правото на самоопределевување на народите како правен принцип: состојбата во Европа, додека во вториот панел ќе се дебатира за Дирекната демократија и граѓанската иницијатива во процесот на донесување на закони. За овие теми на учесниците со нивни излагања ќе им се обратат бројни експерти од соодветните области. 

Click