Соопштенија

Среда, 6 ноември 2019 година

Тркалезна маса на ИППГ за јакнење на интерсекторската соработка за унапредување на изборните права на лицата со попреченост

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), ВО СОРАБОТКА СО Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Полио Плус – движење против хендикеп кое делува како технички комитет на ИППГ, на 8 ноември 2019 година (петок), во Хотелот „Холидеј Ин“, Скопје, ќе одржи Тркалезна маса на тема: „Јакнење на интерсекторската соработка за унапредување на изборните права на лицата со попреченост“.

Целта на настанот е да се актуализира дискусијата за ограниченото учество на лицата со попреченост во изборниот процес, како и можни предлози за унапредување на интерсекторската соработка во насока на инклузија и остварување на нивните изборни граѓански и меѓународни организации.

На Тркалезната маса, покрај пратениците членови на ИППГ, поканети се и претставници на ДИК, релевантни министерства, Народниот правобранител, Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата за унапредување на правата на лицата со попреченост, организации на лица со хендикеп, како и граѓански и меѓународни организации. 

ПРОГРАМА:

11:00 - 11:20 часот - Поздравни говори

  • Јагода Шахпаска, потпретседателка на ИППГ за правата на лицата со посебни способности  
  • Амбасадор Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје 

11:20 - 11:30 часот - Кус преглед на дискусиите на Конференцијата „Учество во изборниот процес на лицата со попреченост“, одржана во февруари 2019 

  • Нина Шуловиќ-Цветковска, национална програмска офицерка, Мисија на ОБСЕ во Скопје 

11:30 - 11:40 часот - Претставување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на лицата со попреченост  

  • Кира Касталдо, советничка за избори, Канцеларија на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) 

11:40 - 11: 50 часот - Претставување на резултaтите од набљудувањето на Претседателските избори 2019 од страна на граѓанската асоцијација „Инклузива“  

  • Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Инклузива“ 

11:50 - 12:00 часот - Претставување на изборните права низ регионалната призма и препораките на Комитетот на ОН за спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост  

  • Звонко Шаврески, претседател на „Полио плус- движење против хендикеп“ 

12:00 - 13:00 часот - Дискусија  

  • Модераторка: Елена Кочоска, координаторка на Техничкиот комитет на ИППГ за правата на лицата со посебни способности   
Click