Соопштенија

Вторник, 17 декември 2019 година

Учество на собраниска делегација на 17. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Мешовитиот парламентарен Комитет – Република Северна Македонија и ЕУ учествува на 17. Состанок на комитетот, кој ќе се одржи на 18 и 19 декември 2019 година во Европскиот парламент во Стразбур.

Делегацијата е во состав: г-ѓа Соња Мираковска, претседател на Делегацијата и членовите: г. Бетиане Китев,  г-ѓа Жаклина Лазаревска, г. Никола Попоски, г-ѓа Шпреса Хадри, г-ѓа Ивана Туфегџиќ, г. Иван Стоиљковиќ и г-ѓа Мерал Узеири Ферати.

На состанокот ќе се разменат мислења за односите меѓу Република Македонија и ЕУ со г. Андреј Жерновски, заменик-министер за надворешни работи на Владата на Република Северна Македонија, г. Дејвид Кулен, шеф на Одделот во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување, г-ѓа Елза Фенет, Шеф на Одделот Западен Балкан од Европската служба за надворешни работи и г. Илхан Ќучук,  постојан известител на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Исто така на состанокот ќе се дискутира за владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, за подготвеноста на изборниот систем и предложените реформи во тој домен. На крајот на состанокот, ќе се усвојат Завршни препораки кои се упатуваат до институциите на Република Северна Македонија и на Европската унија.

Click