Активности

Вторник, 21 јануари 2020 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на денешната 45. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронска трговија;
  3. Предлог-законот за изменување на Законот за таксата за привремен престој;
  4. Предлог-законот за изменување на Законот за угостителската дејност;
  5. Предлог-законот за изменување на Законот за индустриската сопственост;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието, на Предлог-законите не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи и Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието.

Click