Четврток, 20 јули 2017 година
Две собраниски комисии на средба со Прибе
Претседателите и членовите на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, вчера остварија заедничка средба со г. Раинхард Прибе и неговиот тим.
На средбата се разговараше за собранискиот надзор, како и за имплементација на препораките. Воедно, на средбата присутните беа согласни дека заедно ќе работат во исполнување на истите.
Претседателите на двете комисии, г. Вељаноски и г. Димитриев истакнаа дека ќе дадат поголем придонес во сите области за кои се надлежни овие собраниски комисии.