Активности

Вторник, 10 декември 2019

Претседателот Џафери дел од делегацијата на носачот на авиони „Хари С. Труман“

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше дел од делегацијата составена од премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, што ја имаше честа да слета на носачот на авиони „Хари С. Труман“, каде што имаа средба со адмирал Џејмс Фого, командант на Американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.

Ова беше уникатна можност да се видат одблизу капацитетите на воздушно поморските сили на САД и НАТО Сојузот, капацитети во чиј состав набрзо ќе бидат дел и капацитетите на нашата Армија. Чувство на конкретна припадност во ова големо семејство, отсега веќе 30 членови, чувство на гордост за изодениот пат којшто вроди со плодовите на безбедност и сигурност за нашата земја и нашите граѓани. Ние сме НАТО!

Click