Активности

Петок, 7 февруари 2020 година

Шеесета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 60. Седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило (скратена постапка); поднесен од пратениците Лилјана Поповска и Маја Морачанин.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на предлагачите на законот присуствуваше пратеникот Лилјана Поповска. Претставникот ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Заменикот на претседателот на Комисијата, Ане Лашкоска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Лашкоска истакна дека како претставник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не дека се против овој Предлог на закон, но нема да гласаат за усвојување на предложениот дневен ред и нема да гласаат по точката поради тоа што во текстот на законот се предвидуваат и измени во врска со промената на името на државата.

Поповска истакна дека овој Предлог на закон сепак е усогласен и направен од страна на министерството, но од некои технички причини што истиот не може да биде прикачен на е-системот се поднесува од пратеници.

По расправата, Комисијата, го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click