Активности

Понеделник, 2 декември 2019

Собраниска делегација на Конференција на Парламентарното собрание на Медитеранот и Специјалниот комитет за антитероризам 

Во рамките на Конференцијата на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ) и Специјалниот комитет за антитероризам кој функционира како составен дел на Постојаниот комитет за политичка и безбедносна соработка на ПСМ, што се одржа во Рим, Италија, свое учество имаше и парламентарната делегација на ПСМ на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Емил Димитриев, шеф на делегацијата и Чедомир Саздовски, член на делегацијата.

Темата на оваа Конференција опфати повеќе аспекти околу борбата и заштитата од тероризмот, аспекти околу заштитата и репатријацијата на поранешните борци во терористичките организации, превенција од терористички движења преку зајакнување на надворешните гранични безбедносни мерки и споделување на информации, промоција на солидарност со жртвите од тероризмот и потенцирање на нивната улога што ја имаат во справување со тероризмот како и аспекти на јакнење на сајбер тероризмот.

На оваа конференција свои обраќања имаа: потпретседателот на Долниот дом на Италијанскиот парламент, Еторе Росато; претседателката на ПАМ, Алије Буран; претседателите на сите три парламентарни комитети на ПАМ; како и многу експерти во оваа област, обвинители од Италијанското обвинителство за борба против мафија и антитероризам, експерти и претставници од САД и Русија кои работат во областа на заштита од тероризмот.

На крајот на конференцијата се донесоа завршни заклучоци, се обрати претседателката на ПСМ, Алија Буран, која потенцираше дека ваквите настани се важни и корисни за земјите од Медитеранот и пошироко, придонесуваат да се слушнат и антиципираат проблемите со кои се соочуваат популациите кои се опфатени со темата околу тероризмот и изрази надеж дека и на следната пленарна сесија на ПСМ која треба да се одржи во Атина, Грција, ќе продолжат дискусиите по овие прашања.                                                                                                                                                                                                                                                                                   

Click