Активности

Четврток, 12 декември 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МОЛДАВИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Агим Шаќири, заменик-претседател и Зоран Илиоски, заменик-член на Комисијата за економски прашања, учествува на состаноци посветени на енергетската ефикасност, во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима, како и на Германското здружение за соработка, кои се одржаа на 11 и 12 декември 2019 година во Кишињев, Република Молдавија.

Покрај претставниците од Собранието на Република Северна Македонија, на состаноците учествуваат и претставници од парламентите на земјите членки на Енергетската заедница, членови на Европскиот парламент, претставници од Енергетската заедница, експерти и претставници од невладини организации.

На состаноците се разгледаа повеќе прашања во насока на зголемување на енергетската ефикасност во договорните страни на Енергетската заедница и се усвои заеднички извештај за иднината на енергетската ефикасност, идните активности на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница, подобрување на урбаната мобилност во земјите од Југоисточна Европа.

Click