Активности

Петок, 13 декември 2019

Средба на пратеникот Бетиан Китев со Кристијан Камбо, претседател на Комисијата за  надворешни работи, одбрана и вооружените сили на францускиот Сенат

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Советот на Европа, воедно и член на Мониторинг комисијата на ПС на СЕ, Бетиан Китев, учествува во работата на оваа комисија, чија седница се оддржува во Париз, Франција.

На седницата се дискутираше за подготвените извештаи на известувачите на Советот на Европа за Црна Гора, Полска и други прашања.

По седницата, Китев оствари средба и со Кристијан Камбо, претседател на Комисијата за  надворешни работи, одбрана и вооружените сили на Сенатот на Француската Република.

На средбата, Китев рече дека Република Северна Македонија останува верна на својата определба за членство во ЕУ и побара од домаќинот да влијае врз ставот на претседателот на Франција, Макрон, во однос на интеграцијата на нашата земја во ЕУ.

Камбон рече дека и тие биле изненадени од актот на нивниот претседател, истакнувајќи дека нашата земја има направено сѐ што од неа се барало, вклучувајќи го и Преспанскиот договор  и не може таквите барања кон нас да бидат бесконечни. Тој, во продолжение, рече дека таквата одлука на Макрон најверојатно е донесена поради недоволна негова информираност или несеопфатна анализа од неговиот кабинет. Што се однесува до Сенатот на Република Франција, тој е за започнување на преговори на нашата земја за членство во ЕУ.

Камбон потенцираше дека доколку треба, досиејата на Република Северна Македонија и Република Албанија може поединечно да се резгледаат и изрази уверување дека во блиска иднина ќе дојде до позитивен пресврт за нашата држава.

Click