Активности

Вторник, 21 јануари 2020 година

Триесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на вчерашната 30.Седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, поднесен од пратениците: Мира Стојчевска, Кети Смилеска, Татјана Прентовиќ, Реџаиљ Исмаили и Мирослав Јовановиќ.

Претседателот на Комисијата, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Претставникот на предлагачите, пратеникот Татјана Прентовиќ, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваа пратениците: Љупчо Димовски, Зоран Ѓорѓиевски, Татјана Прентовиќ и Реџаиљ Исмаили.

По расправата, Комисијата, го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието на Република Северна Македонија.

Click