Активности

Петок, 14 јули 2017 година

Втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на втората седница одржана вчера и денеска како матично работно тело го разгледа:

  1. Годишниот извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година;
  2. Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги- прво читање (Поднесен од: Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Љубен Арнаудов, Крсто Јовановски, Крсто Мукоски, Драган Данев, Љупчо Димовски, Јусуф Хасани и Лилјана Затуроска).

На седницата на Комисијата присуствуваше претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, г. Драги Стојаноски кој го образложи Годишниот извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година.Додека образложение по Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги даде претставникот на предлагачите, г-ѓа Лилјана Затуроска, која ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со Законот.

Во дискусијата учествуваа пратениците Томислав Тунтев, Благојче Трпевски, Слаѓана Митовска, Драган Данев, Благој Бочварски, Лилјана Затуроска, Невенка Стаменковска, Крсто Мукоски како и претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски.

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа ,,за” и 4 гласа ,,против” го усвои Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година, a со 5 гласа ,,за’’ констатираше дека Предлогот на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click