Билатерални средби на претседателот Џафери...

Вторник, 17 октомври 2017 година 

Билатерални средби на претседателот Џафери 

На  маргините на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 14 до 18 октомври 2017 година во Санкт Петербург, Руска Федерација, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари билатерална средба со г. Ернесто Кордеро Аројо, претседател на Сенатот на Мексико и сенаторката г-ѓа Габриела Куевас Барон, кандидат за претседател на Интерпарламентарната унија.

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со евр...

Вторник, 17 октомври 2017 година

Средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со еврокомесарката Виолета Булц

Комисијата за транспорт, врски и екологија одржа средба со еврокомесарката за мобилност и транспорт, г-ѓа Виолета Булц. На средбата присуствуваше и г. Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со словачкиот амбасадор, Н.Е...

Четврток, 12 октомври 2017 година

Средба на претседателот Џафери со словачкиот амбасадор, Н.Е. Мартин Безак

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Словачката Република во Република Македонија, г. Мартин Безак. 

Средбата мина во пријатна и срдечна атмосфера на која претседателот на Собранието изрази искрена благодарност за огромната билатерална поддршка што Словачката Република ја дава на Република Македонија во справувањето со мигрантската криза, преку конкретна материјална и човечка помош. 

Прочитај повеќе

Претставување на кандидатките за градоначалнички ...

Петок, 6 октомври 2017 година

Претставување на кандидатките за градоначалнички                               

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија во соработка со Националниот демократски институт НДИ, денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички на претстојните локални избори во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на „Балканск...

Петок, 6 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на „Балканската конференција по повод 500-годишнината од протестантската реформација, 1517-2017“

Добродојдовте во законодавниот дом на Република Македонија, во домот на сите граѓани. Уште на почетокот на мојот мандат, јасно ја изразив мојата намера да овој храм на демократијата го отворам за сите иницијативи, потреби и позитивни чекори во градење на едно подобро, поздраво и подемократско општество, во кое сите граѓани ќе бидат еднакви и рамноправни во своите права и обврски. Оваа Конференција со која се одбележува 500-годишнината од протестантската реформација е доказ токму на таа моја интенција.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставници на НДИ...

Четврток, 5 октомври 2017 година

Средба на претседателот Џафери со претставници на НДИ

Претседателот на Собранието на Република Македонја, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова, денес оствари средба со г. Кен Волак, претседател на Американскиот национален демократски институт, г. Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ од САД за Европа и г. Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија. 

Прочитај повеќе

Промовирање на образованието како гаранција за стабилност и...

Четврток, 5 октомври 2017 година

Промовирање на образованието како гаранција за стабилност и развој

На Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 3 до 5 октомври 2017 година во Андора, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ); г-ѓа Јагода Шахпаска и г. Фадил Зендели, членови на Делегацијата. 

Во рамките на Есенската сесија се одржаа: Парламентарна конференција „Безбедноста во областа на ОБСЕ: нови предизвици и нови задачи”, седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ и Медитерански форум. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Среда, 4 октомври 2017 година

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург, Н.Е Жан Аселборн  

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со министерот за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург, г. Жан Аселборн.

На средбата, претседателот Џафери ги потенцираше отворените и  пријателски односи меѓу двете земји и ја нагласи потребата овие релации во иднина да се зајакнуваат и интензивираат.

Прочитај повеќе

Сите земји на ОБСЕ да работат заедно во исполнувањето на пр...

Среда, 4 октомври 2017 година

Сите земји на ОБСЕ да работат заедно во исполнувањето на предизвиците 

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), г-ѓа Јагода Шахпаска и г. Фадил Зендели, членови на Делегацијата учествува на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува, од 3 до 5 октомври 2017 година, во Андора. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери пред студентите во Универз...

Среда, 4 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери пред студентите во Универзитетот на ФОН

Пред 26 години, првиот парламентарен состав, токму преку Собранието ја реализираше одлуката на граѓаните кои на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Еден од првите приоритети, кој беше тогаш дефиниран и усвоен во парламентот, беше целосната интеграција на Република Македонија во eвроатлантските структури, односно полноправно членство во НАТО и Европската Унија.
Прочитај повеќе
1...104105106...117                                                                                                                      
Click