Средба на претседателот Џафери со претседателот на Народнот...

Вторник, 8 август 2017 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, г. Димитар Главчев

Претседателот Џафери истакна дека е дојден моментот за отпочнување на нова страница во односите меѓу двете држави при што се заблагодари на поддршката која Република Бугарија ѝ ја дава на Република Македонија и за нејзините аспирации за членство во НАТО и во Европската унија. 
Прочитај повеќе

Изјава на претседателот Џафери по повод распишување на лока...

Недела, 6 август 2017 година

Изјава на претседателот Џафери по повод распишување на локалните избори

Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македо...

Среда, 2 август 2017 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери по повод 2 Август, Ден на Републиката

Денеска сме овде на Мечкин Камен, да оддадеме почит на хероите Илинденци кои овде ги положија своите животи и со тоа се вградија во сегашноста која сите ја живееме. Да се поклониме пред авторите на Крушевскиот манифест, документ напишан пред сто и четиринаесет години но актуелен и денес. Дозволете да цитирам еден дел од него. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со делегација од Република Б...

Вторник, 1 август 2017 година

Средба на претседателот Џафери со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска оствари средба со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов, која престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на членовите и замениците членови на Комисијата за ...

Вторник, 1 август 2017 година

Учество на членовите и замениците членови на Комисијата за одбрана и безбедност на Отворениот ден на вежбата Драгоон Гуардиан 17

Во рамки на вежбата Драгоон Гуардиан 17, на армискиот полигон Криволак беше организиран Отворен за високи гости и медиуми. 

Рапортот пред министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска Јанковска на Криволак беше проследен и со неколку показни вежби. Освен  кампот Стрела каде се стационирани војниците, беше презентирана и пистата за дронови која ќе биде прва од ваков тип во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Состанок на Претседателството на Клубот на пратенички...

Четврток, 27 јули 2017 година

Состанок на Претседателството на Клубот на пратенички

По барање на пратеничката Лилјана Кузмановска, на 24 јули 2017 година се одржа состанок на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на кој беа разгледани конкретни случаи, кои се однесуваат на позицијата и статусот на жената, по однос на работното место.

Прочитај повеќе

Сто дена од изборот на г. Талат Џафери за претседател на С...

Четврток, 27 јули 2017 година

Сто дена од изборот на г. Талат  Џафери за претседател на Собранието 

Бидејќи се навршуваат 100 дена од мојот избор на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, чувствувам потреба да се обратам на јавноста и да ја информирам за активностите кои се реализирани досега, како и за активностите кои што треба во иднина да се реализираат.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со азербејџанскиот амбасадор...

Вторник, 25 јули 2017 година

Средба на претседателот Џафери со азербејџанскиот амбасадор Багиров

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Азербејџан  во Република Македонија, г. Фаик Багиров. 

Прочитај повеќе

Учество на меѓународен состанок за Регионална безбедност и ...

Понеделник, 24 јули 2017 година

Учество на меѓународен состанок за Регионална безбедност и соработка

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Максим Димитриевски и претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на министерството за внатрешни работи, управата за финансиска полиција, царинската управа и министерството за одбрана, г. Емил Димитриев учествуваа на меѓународниот состанок на тема „Регионална безбедност и соработка“, кој се одржа од 21 до 23 јули 2017 година во Цетиње, Црна Гора, а кој беше организиран од страна на Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентот на Црна Гора.

Прочитај повеќе

Средба на Клубот на пратенички на тема: „Клуб на пратеничк...

Петок, 21 јули 2017 година

Средба на Клубот на пратенички на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”   

На средбата присуствуваа членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

Прочитај повеќе
1...109110111...117                                                                                                                      
Click