Понеделник, 17 февруари 2020
ИЗЈАВА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
Ве поканив тука за да ве информирам вас, а преку вас и граѓаните на Република Северна Македонија, дека по изгласувањето на одлуката за распуштање на Собранието на 137. седница, синоќа, врз основа на мојата уставна надлежност од Член 67, став (4), каде стои дека Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката, го потпишав Решението за распишување на предвремените парламентарни избори, и истото, врз основа на Член 12, став (2) од Изборниот законик, го доставив до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.