Hidden render

Петок, 31 јануари 2020 година

Груби – Претпазлив оптимист за датум оваа пролет   

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Артан Груби, имаше средба со францускиот амбасадор во земјата, г. Кристијан Тимоние.

На средбата Груби го потенцира значењето за добивање на датум за почеток на преговорите што поскоро, при што истакна дека земјата ги исполни политичките критериуми, пред сѐ во подобрување на односите со соседите, но дека работи посветено и на исполнувањето и на останатите  ЕУ реформи.

Амбасадорот Тимоние, истакна дека во пресрет на парламентарните избори закажани за април годинава, особено е важно тие да поминат во фер и демократска атмосфера, што секако ќе биде уште еден дополнителен критериум за почеток на преговорите.

Заедничка беше констатацијата дека на земјата и претстојат многу обврски, во однос на реализацијата на потребните ЕУ реформи, со цел да се зголемат шансите за добивање на датум за преговори.  


Click