Hidden render

Понеделник, 16 април 2018 година

Консултативна средба за развивање на Национален индекс за родова еднаквост

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Даниела Рангелова, координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Ѓулумсер Касапи и заменк членот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Лилјана Кузмановска, денес одржаа консултативна средба за развивање на Национален индекс за родова еднаквост со г-ѓа Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот институт за родова еднаквост.

На средбата г-ѓа Ламбак ги информираше пратеничките дека со пресметката на Индексот на родова еднаквост за Република Македонија би добиле клучен индикатор за мерење на родовата еднаквост. Исто така со овој индикатор би се правеле и споредби со Европската Унија и со нејзините земји членки по однос на родовата еднаквост, имајќи предвид дека европските лидери го насочуваат фокусот кон оваа проблематика и превземаат мерки, воведувајќи нови законски одредби за да ја намалат нееднаквоста.

Во рамки на средбата пратеничките ја преставија работата на Клубот и Комисијата, како и нивните следни активности, и ја потенцираа нивната меѓусебна соработка со цел подобрување на положбата и третманот на жената во Република Македонија.

На крајот од средбата, г-ѓа Ламбак изрази подготвеност за идна соработка, почнувајќи со отворена покана за учество на работилницата на Европскиот институт за родова еднаквост, која ќе се одржи во рамките на Глобалниот самит на жени лидери, кој од 6 - 8 јуни 2018 година ќе се одржи во Вилнус, Литванија. 

Click