Hidden render

Среда, 5 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО АМБАСАДОРКАТА НА ЦРНА ГОРА, Н.Е. МАРИЈА ПЕТРОВИЌ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, се сретна со амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Н.Е. Марија Петровиќ.

Потпредседателот Рамчиловиќ истакна дека Црна Гора и Македонија и нивните народи имаат заедничко минато базирано на пријателство, соработка и меѓусебна поддршка. Имаме традиционално добри политички, економски и културни врски кои дополнително ги развиваме и градиме. Со Црна Гора имаме исти надворешно-политички приоритети, заради што секогаш има простор за поинтензивна соработка и поддршка кон нашата евроатлантска иднина.

Амбасадорката Петровиќ потврди дека двете држави немаат отворени прашања и се пример за успешна билатерална соработка во регионот. Таа истакна дека активно работи на унапредувањето на економската сорботка и инфраструктурното поврзување на земјите во регионот како предуслов за унапредување на соработката на сите полиња.

На крајот на средбата, потпретстедателот Рамчиловиќ и амбасадорката Петровиќ се согласија дека двете држави се мултиетнички, но пред сѐ граѓански држави и дека во тој правец ќе продолжат да ги градат своите општества како единствен начин за траен мир, стабилност и просперитет на целиот регион.

Click