Hidden render

Четврток, 31 август 2017 година

Средба на пратеничката Ременски со пратеници од српскиот парламент

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, д-р Фросина Ташевска Ременски и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, вчера, оствари средба со претседателот на Демократска странка во Србија, г. Драган Шутановац како и со пратеници од Собранието на Република Србија: Горан Чириќ Александра Јерков, Радослав Милојчиќ и Горан Јајиќ.

На средбата се разговараше за повеќе прашања од интерес на унапредувањето на заемната соработка и на двете парламентарни групи, коишто припаѓаат на европското социјалдемократско семејство.

Соговорниците се согласија дека унапредувањето на регионалната соработка, негувањето на демократските процеси, како и размената на искуства се од клучно значење за развојот и просперитетот на двете земји и регионот во целина.

Click