Средби пратеници

Среда, 16 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ АЉИМИ СО ЏУЛИЕН ВАСАЛО 

Координаторот на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Собранието на Република Северна Македонија, Ејуп Аљими, денеска се сретна со заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Џулиен Васало.

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, владеењето на правото, ветингот, но и ситуацијата во која се наоѓа нашата држава во пресрет на добивањето на датум за започнување на преговорите со Европската Унија. 

Aљими се заблагодари за поддршката што нашата држава ја добива од Делегацијата на ЕУ во земјата, при што истакна дека очекува позитивен исход овие денови во врска со добивањето на датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ.  

Пратеникот Аљими истакна дека приоритет ќе биде фокусот на реформите во владеење на правото, прекин на праксата на селективна правда и ветинг за сите носители на јавни функсии, затоа што само така ќе имаме силна држава којашто наскоро ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Васало, посакувајќи да се надминат несогласностите помеѓу земјите членки на Европската Унија, истакна дека Република Северна Македонија заслужува да добие датум за започнување на преговорите и дека искрено очекува дека тоа ќе се случи. 

На крајот, пратеникот Аљими рече дека останува отворен за понатамошна соработката со Канцеларијата на Европската Унија во земјава, при што истакна дека ни претстои уште многу работа и реформи до полноправна интеграција на земјата во евроатлантските структури.