Hidden render

Четврток, 14 септември 2017 година

Средба на пратеникот Фадил Зендели со Крис Хендшоу

Пратеникот Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на 14 септември 2017 година, одржа средба со Крис Хендшоу, извршен директор на Националниот демократски институт.

На средбата двајцата соговорници се согласија за важноста на оваа Постојана анкетна комисија, односно за важноста на прашањата кои се во нејзина надлежност. 

Господин Фадил Зендели нагласи дека спротивно на досегашната пракса, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот треба да има активна улога и да воспостави постојана комуникација и соработка со сите релевантни институции, домашни и меѓународни организации и експерти. 

Притоа тој, исто така, потенцираше дека за успешна работа на Комисијата потребна е добра соработка и поддршка од пратениците од сите парламентарни партии. 

Господин Крис Хендшоу, во име на Националниот демократски институт, изрази подготвеност да ја поддржи работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, во делот на дефинирање на приоритетните прашања за разгледување на следните седници, организирање на теренски посети на казнено-поправните домови, институциите и установите за душевно болни, Прифатниот центар за баратели за азил и други, како и организирање на одбележување на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права во Собранието на Репубика Македонија.

На крајот од средбата господинот Зендели се заблагодари за средбата истакнувајќи дека разговорот бил многу корисен, а средбата е одлична можност да се сподели искуството.

Click