Hidden render

Четврок, 8 март 2018 година

Средба на пратеникот Груби со г-ѓа Кетрин Барнс,  г. Чарлс Гарет и г. Џереми Вилмшурст

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со г-ѓа Кетрин Барнс, раководител на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан во Британското министерство за надворешни работи; амбасадорот на Обединетото Кралство г. Чарлс Гарет и г. Џереми Вилмшурст, политички секретар во Британската амбасада во Виена.

На средбата, пратеникот Груби ги информира гостите за актуелните случувања во земјата во однос на активностите на Собранието на Република Македонија за реализацијата на предвидените активности во рамките на Реформскиот план на Владата, пред сè за реформите во правосудниот систем и другите области кои се бараат од земјата за симнување на условеноста на препораката за почеток на преговори за ЕУ членство во априлскиот извештај на Европската комисија, спорот со името, како и за јазичната еднаквост.

Во тој контекст, г. Груби ги остакна неговите видувања за решавањето на спорот со името и добрососедските односи на земјата, при што истакна очекување за достоинствено решение на контекстот којшто не држи далеку од Брисел.

На средбата беше разговарано и за реформите, при што г. Груби истакна дека процесите во Собранието во однос на усвојување на реформски закони и транспарентост, се во многу добар тек и нагласи дека набрзо очекува и договор и усогласување на 2/3 закони и со опозицијата. 

Во однос на Законот за јазиците, г. Груби рече дека решение на ова прашање е раговарано, преговарано и договорено и претходно со ВМРО, и сега со СДСМ, додека јавноста дебатира за ова прашање веќе 16 години. Овој закон е шанса за опозицијата, за Иванов, но и за сите други да придонесат Македонија да стане силно кохезивно општество со заокружен нормативен дел на Охридскиот договор.

Пратеникот Груби коментираше и околу односите во коалицијата, при што истакна дека се одлични и покрај постојаните напори преку лажни вести, пропаганда и непостоечки ситуации да се нарушат односите. 

Click