Hidden render

Петок, 11 мај 2018 година

Средба на пратеникот Петар Атанасов со г. Емануел Рембер

Претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, г. Петар Атанасов, оствари средба со директорот на Францускиот институт во Скопје, г. Емануел Рембер. 

На средбата главна тема на разговор беа реформите во образованието и законските промени, со што македонскиот образовен систем ќе се приближи кон европските модели и стандарди. 

Во таа насока, беше разговарано и за состојбата со изучување на францускиот јазик во основното и во средното образование во Република Македонија, како еден од официјалните јазици во Европската Унија. 

Click