Hidden render

Вторник, 15 јануари 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РУБИН ЗЕМОН СО ЕГИПЕТСКИОТ АМБАСАДОР, Н.Е. МОАЈАД ФАТХАЛАХ ЕЛ ДАЛИЕ

Пратеникот Рубин Земон оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Арапска Република Египет, Н.Е. Моајад Фатхалах Ел Далие. На средбата се разговараше за можностите за развивање и продлабочување на односите и соработката помеѓу двете земји, особено меѓу парламентите на двете држави. 

Двајцата соговорници оценија дека постојат многу области во кои може да се унапреди меѓусебната соработка, особено во културата, туризмот и економијата. 
Амбасадорот Ел Далие особено се интересираше за позицијата на заедницата на Египќаните во Македонија. 

Пратеникот Земон истакна дека тој е првиот пратеник во македонскиот парламент кој е претставник на заедницата на Египќаните во Македонија, но и на другите помали заедници кои во Уставот се заведени како „други“. Тој нагласи дека задача и обврска е да работи на концептот „Едно општество за сите“, којшто овозможи еднакви шанси за просперитет и развој за сите граѓани во Република Македонија.  

Click