Hidden render

Четврток, 16 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Весел Мемеди со г. Антун Херцег и г. Тибор Варди

Претседателот и пратеникот на НДП, г. Весел Мемеди оствари средба со г. Антун Херцег, претставник на ЕУ, одговорен за Западен Балкан, и политичкиот советник г. Тибор Варди.

На оваа средба, пратеникот Весел Мемеди, им пренесе на гостите од Европска Унија дека Собранието треба да биде во центарот на вниманието поради фактот што скоро сите ургентни реформи што произлегуваат од Акцискиот план 3-6-9 треба да поминат низ Собранието, па така неговото лично залагање како пратеник, и залагање на парламентарното мнозинство, заедно со опозицијата, ќе биде насочена кон овие реформи што се од исклучително значање за патот кон Европска Унија и кон НАТО.

Пратеникот Весел Мемеди ги увери гостите дека Македонија е жедна за владеење на правото, и ова влада има капацитет, заедно со сите чинители на политичкиот и општествениот живот, да достават извонредни резултати на овој правец.

Претставникот на ЕУ, одговорен за Западен Балкан, г. Антун Херцег, рече дека Европска Унија е спремна да ѝ помогне на Македонија на патот кон Европската Унија, но најпрвин треба ние самите да си ги завршиме нашите домашни задачи, ургентните реформи, па така сите членови на Собранието, пратениците, треба да бидат на највисокото ниво на размислување за да ги достават успешно очекувањата на сите граѓани на државата. 

Click