Hidden render

Среда, 6 јуни 2018 година

Средба на Собраниска делегација со кинескиот амбасадор во Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина предводена од г-ѓа Владанка Авировиќ, а во чиј состав беа и г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Анета Симеска-Димоска, г. Агим Шаќири, г-ѓа Весна Пемова и г. Јохан Тарчуловски, вчера остварија средба со кинескиот амбасадор во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан. Средбата се оддржа во новите простории на кинеската амбасада.

На средбата, Делегацијата го запозна амбасадорот со составот и плановите за работа на Пратеничката група во правец на развојот и зацврстувањето на односите со Народна Република Кина, особено  на парламентарно ниво. Притоа, ја поканија г-ѓа Ликсиан да ги посети и градовите во внатрешноста за да се запознае со потенцијалите на нашата држава.

Беше речено дека Кина е голема и импресивна земја со импресивна култура и дека има можности за соработка во многу полиња, како што е економијата, технологијата, културата, алтернативната кинеска медицина итн.
Амбасадорот ја поздрави работата на Пратеничката група истакнувајќи дека посебно и е драго за прикажаниот особен интерес кон Народна Република Кина, со што се потврдуваат добрите меѓусебни односи.

Таа истакна дека целта на амбасадата е да се стимулира развојот на меѓусебните односи, вклучувајќи ги и двата парламента, притоа информирајќи дека и во нивниот парламент е основана Пратеничка група за соработка со Република Македонија.

Click