Среда, 5 јануари 2020
СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО АМБАСАДОРКАТА НА ЦРНА ГОРА, Н.Е. МАРИЈА ПЕТРОВИЌ
Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, се сретна со амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Н.Е. Марија Петровиќ.
Потпредседателот Рамчиловиќ истакна дека Црна Гора и Македонија и нивните народи имаат заедничко минато базирано на пријателство, соработка и меѓусебна поддршка.