Активности

Четврток, 11 февруари 2021

Десетта и единаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија денеска одржа две седници, на кои како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за водите;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации.


На седниците на Комисијата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа Каја Шукова, повереник, државен секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација. Тие ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за водите учествуваа пратениците: Бране Петрушевски и Ненад Коциќ. 

Пратеникот Петрушевски укажа на проблемот со акумулациите во државата, нагласувајќи дека водните ресурси се доведени во прашање, односно акумулациите се празни заради нивното непланско испуштање и затоа побара да се интервенира од ресорното министерство. На ова пратеникот Коциќ одговори на дека причината за празнењата на водите е поради новонастанатите климатски промени.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, со 6 гласа „за“ и 4 „воздржани“ по првите два Предлог-закона и едногласно без дискусија по последниот Предлог-закон, го усвои следниот ист заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлог-законот и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click