Активности

Среда, 20 јануари 2021 година

Деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на 9. седница одржана на 18 јануари 2021 година, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Годишен извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2019 година;
  2. Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2020 година;
  3. Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2021 година;
  4. Годишна програма за работа на Агенцијата за пошти за 2021 година;
  5. Извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година;
  6. Извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 година;
  7. Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2019 година.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија присуствуваа претставниците од: Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија: Смилка Јанеска Саркањац и Виолета Димеска; Агенцијата за пошти директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска; Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски Лазо Петрушевски, претседател на Советот на Агенцијата; и Агенцијата за цивилно воздухопловство присуствуваше Раим Бајрами, претседател на Управен одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, кои дадоа образложенија по горенаведените точки, заедно со пропратните документи доставени со истите.

Во дискусија учествуваа пратениците: Коле Чаракчиев, Ане Лашкоска, Ненад Коциќ, Бране Петрушевски, Љупчо Балкоски, Бојан Стојаноски и Владо Мисајловски.

На крајот од расправата, беше констатирано дека Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа и усвои  горенаведените предлози, освен за Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2020 година.

Click