Активности

Понеделник, 15 февруари 2021 

Дванаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 12. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба - II читање;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота - II читање;
  • Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за 2020 година арх. бр. 08-504/1;
  • Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за 2020 година арх. бр. 08-1887/1.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, додека во својство на претставник на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија, присуствуваше Смилка Јанеска-Саркањац, претседателка на Програмскиот совет на МРТ.

Претседателот на Комисијата, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, поднесен е еден амандман по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба и тоа за менување на член 12, поднесен од пратениците Ненад Коциќ и Арта Биљали Зендели. Комисијата го разгледа, претресе и со 5 гласа „за“ и 4 „воздржани“ го усвои истиот. По расправата, Комисијата, без дискусија, го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Мисајловски ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по истиот. Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Мирче Аџиоски, Љупчо Пренџов, Мирослав Јовановиќ и Ненад Коциќ. По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Мисајловски ги извести членовите на Комисијата дека Владата доставила Мислење по двата Финансиски плана, а претседателката на Програмскиот совет на МРТ, Смилка Јанеска-Саркањац, ги образложи истите, заедно со пропратните документи доставени со нив. 

Во дискусијата по Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за 2020 година арх. бр. 08-504/1, учествуваше пратеникот Бране Петрушевски, кој укажа дека Програмскиот совет ќе се избира со 61 пратеник, наместо со 2/3 мнозинство, што практично би значело чекор назад во реформите на ЈРП МРТ. Комисијата со 4 гласа „за“ и 5 „воздржани“ не го усвои Предлогот Комисијата за транспорт, врски и екологија да му предложи на Собранието да донесе одлука за одобрување на овој Финансиски план со арх. бр. 08-504/1.

Што се однесува на Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на ЈРП Македонска радио-телевизија за 2020 година арх. бр. 08-1887/1, Комисијата, без дискусија, со 9 гласа „за“ го усвои Предлогот Комисијата за транспорт, врски и екологија да му предложи на Собранието да донесе Одлука за одобрување на истиот.

Click