Активности

Среда, 16 февруари 2022

Изјава на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина 

Во врска со состојбата на украинската граница, Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина ја потврдува недвосмислената поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, изразува солидарност со пријателскиот украински народ и ги подржува дипломатските напори за деескалација на состојбата.

Click