
Петок, 5 февруари 2021
Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“
Комисијата за образование, наука и спорт, во рамките на својата 7. седница, одржа Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“.
Јавната расправа ја водеше претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Жаклина Лазаревска.
Свое обраќање имаше премиерот Зоран Заев; министерката за образование и наука, Мила Царовска; како и членовите на Работната група што ја подготви Нацрт-концепцијата: проф.д-р Виолета Петреска-Бешка и проф.д-р Кирил Барбареев.
Во дискусијата што следеше, со свои ставови се вклучија академици, универзитетски професори и стручни лица од образовната дејност.
Во фокусот на расправата беше потребата од осовремување на образованието со нов модел којшто ќе биде автентичен на нашите општествено-економски односи. Притоа, беа изнесени различни ставови за темпото со кое ќе се утврдуваат новите политики во основното образование.